Натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ е најпопуларно музичко шоу во овој регион, а кандидатите со својот талент, стас и глас добиваат шанса да го освојат своето место под сонцето на естрадното небо.
Концептот на натпреварот е таков што доколку добијат соодветен број гласови од жирито во првиот круг, имаат право да го изберат својот ментор, а Душан Вукадиновиќ од Подгорица ја избра фолк пејачката Снежана Ѓуричиќ.
Меѓутоа, по неговото испаѓање, мајката на Душан, Ната, се огласи и сега ја обвини Снежана за обид за поткуп, објавија локалните медиуми.
– Доживеав голгота. Снежана Ѓуришиќ побара пари за мојот син да го помине следното коло на „Ѕвездите на Гранд“. Ако моите деца не се како што треба, нема да ги бранам, но знаејќи дека детето ми е фино, културно, воспитано, му реков да ја слуша госпоѓата Снежана, која најстрашно ме повреди.
– Кога го помина вториот круг, таа му рече „Душан, ова сега ти е бесплатно“, знаете, како да му дава гратис. Тоа ни го кажа кога дојде дома, но ние родителите не го сфативме така. Тој ја помина таа рунда, а во третата таа му зацрта што ќе пее. Сепак, пред шоуто тој беше вознемирен, можев да видам дека нешто не е во ред. Кога се запознавме, Снежана почна да вреска по мене – изјави Ната за српски „Курир“, која потоа изјави дека Ѓуришиќ директно не барала пари од нејзиниот син.
– Не барала пари директно, туку индиректно. Му рекла дека не работи за џабе. Таа не ми подаде рака во собата за поддршка. Ја прашав дали син ми згрешил и дали и рекол нешто лошо. Потоа ми рече дека Душан нема да оди понатаму, дека натпреварот за него е завршен. Ми се внесе во лице и ми рече дека не работи за џабе и дека треба да ѝ платам. Останав изненадена, бев скаменета. Не ѝ ги дадов парите и син ми не продолжи понатаму. Рече дека син ми не ја послушал – изјавила Ната за гореспоменатиот портал.
За овие обвинувања се огласи и Снежана Ѓуришиќ.
– Многу одговорно си ја работам работата и го трошам времето помагајќи им на младите бидејќи сум образована и докажана како уметник. Апсолутно нема да коментирам ничии изјави на оваа тема бидејќи се смешни и помалку одвратни. Сите информации на оваа тема можете да ги добиете од директорот Саша Поповиќ, кој знае се што ние како ментори правиме со кандидатите. Исто така, само Саша одлучува кој поминува во баражот. Тој испадна во баражот со одлука на Саша Поповиќ.
Be the first to write a comment.