Голди Хоун е фотографирана додека шета низ дождливите улици на Њујорк, а нејзините обожаватели ги изненадиле „паткината уста“ со која е речиси непрепознатлива, пишува Дејли Мејл.
Филмската актерка и оскаровка за прошетката носеше елегантна црна јакна, тесни црни панталони и кошула со пруги врзана околу половината.
Таа за викендот отиде на Менхетен и ужива во квалитетно време со својата долгогодишна љубов Курт Расел и ќерката Кејт Хадсон.
Низ годините таа ги откриваше своите тајни за убавина, а како најважни ги истакнуваше здравата исхрана, вежбањето и едноставната рутина за нега на кожата.
– Кога се мијам, го масирам лицето околу три минути, потоа нанесувам креми за лице и одам да спијам – имаше изјавено 77-годишната актерка и објаснуваше кога ќе се разбуди наутро го повторува целиот процес.
Како поевтина и поприродна опција за крем за лице, таа користела кокосово масло некое време, а нејзината мајка знаела да цеди лимони и да користи оцет како пилинг.
-Се трудам да пијам овошни сокови и да вежбам по малку секој ден. Во денот наоѓам моменти за кратки медитации, ако немам време за подолга медитација наутро – вели Хоун.
Смета дека физичката активност е клучот за одржување на менталното здравје и позитивниот став, а следи и посебен план на исхрана.
– Не јадам многу, мислам дека се прејадуваме. Исто така, не ја мешам храната премногу, ако сакам протеини ќе јадам чинија леќа, нема да ја мешам со куп работи, објасни Хоун.
Таа го гледа стареењето како животен факт со кој треба да се соочиме бидејќи тоа е само уште една од многуте транзиции низ кои треба да се помине во животот.
– Прекрасно е да знаеш дека старееш, бидејќи тоа значи дека сè уште си на планетата, нели? – рече Хоун.
Кортни Лав во интервју за канадскиот магазин Fashion изјави дека Хоун и дала поинаков совет поврзан со пластичната хирургија.
– Те молам, не ме прашувај за грациозното стареење. Мислам, го послушав советот на Голди Хоун кога таа рече дека треба да направам фејслифтинг на 35 години, рече Лав.
Be the first to write a comment.