Во судир кај Добој синоќа на 60-годишна возраст загина Младен Видовиќ, поранешниот пејач на зеничката група „Немогуче вруче“.

Тажната вест ја потврди музичарот и уредник на порталот „Глас“, Јосип Дујмовиќ.

„Повторно грда и тажна вест.. Синоќа во судир кај Добој загина Младен Видовиќ, оригиналниот пејач на групите „Немогуче вруче“ и „Ритам срца“. Почивај во мир, музичка Зеница ќе те носи во срцето“, напиша Јосип.

Во меѓувреме се огласија и членовите на „Немогуче вруче“.

„Изненадени сме, навистина не’ шокира оваа вест.. Летај со ангелите, вечерва ќе свириме само за тебе“, напишаа тие на социјалните мрежи.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸