Посетата на шестгодишно девојче на плажата во Каламаки во понеделникот, која била придружувана од нејзиниот татко, се претвори во трагедија, јавуваат грчките медиуми.
Како што првично беше пбјавено, девојчето го избегнало вниманието на својот татко и како што пренесува Korinthostv.gr, отишло на капење кое ѝ било последно. Пливач кој бил во околината го извлекол телото на несреќното девојче од морето и го донел на брегот.
– Следеа драматични моменти со несреќниот татко соочен со својата онесвестена шестгодишна ќерка. На лице место пристигнале лица од крајбрежната стража на Истмијас, додека на лице место веднаш се упатило возило на брза помош ЕКАВ со двајца спасувачи, објавија медиумите.
Тие самите направија се’ за да го вратат девојчето во живот. Шестгодишното девојче потоа било пренесено во болницата Коринт каде лекарите констатирале смрт.
ПРЕСВРТ: Има индиции за кривично дело!
„Има индиции за кривично дело“, изјави денеска Ставрос Баласкас од Синдикатот на грчката полиција за давењето на 6-годишното девојче во Коринт.
Како што изјави во емисијата „Утрински вести“ на СКАИ, списите за случајот се отворени и се спроведува сериозна прелиминарна истрага од надлежните, посочувајќи дека „се уште се е на ниво на сомнеж“.
Како што оцени, во наредните три дена ќе има „материјални докази“ за да може досието да биде затворено и испратено до надлежното обвинителство.
– Очекуваме во следните три дена да има материјални докази за да можеме да го затвориме досието и да го предадеме на обвинителството, рече тој.
Се потсетува дека денеска се очекува да даде исказ таткото на 6-годишното девојче, кој е кривично обвинет за изложување на малолетно лице на опасност.
Хроника на трагедија
6-годишното дете се удавило во понеделник напладне на плажата Каламаки во Коринт. Во изјавата пред крајбрежната стража, таткото тврдел дека на девојчето му ставил елек за спасување за да плива, додека и тој влегол во морето. Потоа се обидел да ја подигне ќерка си на врзан чамец и како што тврдел, таа му се лизнала од рацете, елекот за спасување и се лизнал од половината, а девојчето пропаднало на дното, на длабочина од 6 метри.
Тој исто така тврдел дека не можел да се нурне за да ја спаси бидејќи боледува од астма. Рекол дека го немал мобилниот телефон со себе и дека морал да пешачи доста далечина барајќи помош.
„6-годишното дете носеше облека и сандали“
Кога детето било однесено во болница, првите луѓе кои веднаш притрчале кај 6-годишното дете виделе дека таа носи облека и чевли. Шокантен е описот на пливачот кој го извлекол удавеното дете:
„Се сеќавам дека носеше сандали, шорцеви и блуза. Таа не носеше костим за капење. Водите беа матни поради временските неприлики. Длабочината на која ја најдов под чамецот беше еден до два метри. Откако го извадив детето почна да плука вода и пена од устата. Повраќаше и исфрлаше храна“.
Конечно, 6-годишното девојче со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Општата болница Коринт, каде била констатирана смрт.
Според информациите, таткото е разделен од сопругата и во понеделник напладне ја зел ќерката од мајката да одат заедно на пливање. Забележано е дека тоа не било нешто невообичаено за ова семејство: иако парот е разделен, тие не се развеле, а таткото речиси секој ден го чувал детето по неколку часа, за да може мајката да работи како чистачка.
Родителите на шестгодишното дете дале изјави во Капетанијата на пристаништата Истмија, каде што е преземена и прелиминарна истрага.
Be the first to write a comment.