Себастиен Холер летово го комплетираше трансферот во Борусија Дортмунд по одличната сезона во Ајакс, но тогаш сонот му беше скратен на најлош можен начин.
Имено, пред неколку недели Холер мораше да оди на лекарски прегледи откако не се чувствуваше баш добро за време на подготовките, а сите беа шокирани кога му беше дијагностициран рак на тестисите.
Веќе неколку недели Холер воопшто не се огласи во јавноста, но потврдено е дека почнал со хемотерапија и сите се надеваат дека напаѓачот на Дортмунд на крајот ќе ја победи оваа тешка болест.
Фудбалската јавност утрово остана во шок откако се појави првата фотографија од Холер откако почнал со хемотерапија.
Be the first to write a comment.