На 19.12 нашиот почитуван пријател врвен македонски геолог Сокол Клинчаров си замина тивко во сон на Голем ден Св.Никола, човек енциклопедија признат и познат освен во Македонија, ЕКС ЈУ и пошироко во европските и светските земји кој даде голем придонес во унапредувањето и популаризацијата на животната средина во Македонија…

Дипломирал во Белград на Факултетот за Рударство и Геологија во 1975 година…

Работниот век го започнува во Државниот Геолошки Институт во 1976 се до 1983 година, потоа до 1992 година е дел од Градежниот Институт Македонија,од 1992 цели 18 години до 2010 година е дел од ресорот животна средина најпрво во Заводот за заштита на природните реткости на Македонија кој потоа е дел од Министерството за животна средина и просторно планирање каде е Раководител на Одделот за Отпад…

Од 2010 до 2013 е дел од фирмата Алпине Минерални Суровини, Скопје, потоа до 2015 година се сели во фирмата Минералитас, Скопје, 1 година е супервизор во тетовската компанија Анра Центрум до 2016, потоа до 2017 е супервизор во ГИМ при изградба на автопатот Приштина-Блаце и од 2017 година до денешен ден беше сеуште активен како дел од Де-Инвест од Скопје…

За МРТВ има снимено голем број видео материјали за документарно-образовната програма кои и ден денес се прикажуваат на Собранискиот Канал…
Клинчаров ги остави зад себе сопругата Мира двата синови Гога и Немања и беше дедо на 4 прекрасни внучиња…, стои во објавата на Environment.