Телото на македонскиот државјанин во Софија било пронајдено на 17 декември околу 21 часот и од првичниот увид нема траги на насилство и најверојатно станува збор за предозирање.
Ова го потврди дописникот на МИА од Бугарија, кој јавува дека телото било пронајдено близу трговскиот центар „Парадајз“ и дека се работи за 26-годишник. Телото е испратено на Одделот за судска медицина.
Министерството за надворешни работи информира дека веднаш по добиената информација за пронаоѓање на телото нашиот државјанин С.С. во Софија, преку Амбасадата на земјава во Бугарија, стапило во контакт со бугарските надлежни органи, од кои се добиени првични информации за случајот. Преку МВР веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава и тие се информирани за случајот.
Во соопштението на МВР се посочува дека Министерството и Амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата.
Претходно, Плусинфо објави дека според објавите на пријателите на починатиот, се работи за Стојан Спасов. Повеќето од пријателите на починатиот биле спортисти кои се занимаваат со боречки вештини, во кои спаѓал и Спасов.
Be the first to write a comment.