Ученичка од четврто одделение од основно училиште во Тексас, која го преживеала пукањето, на сослушувањето раскажала како се намачкала со крв и се преправала дека е мртва откако напаѓачот ги убил нејзиниот наставник и пријателите.
Пред комисијата на американскиот Претставнички дом беа објавени снимки од сведочењето на ученичката Миа Серило од Увалде и родителите на убиените и ранетите ученици за време на неодамнешното пукање, пишува Sky News. Сведоштвата биле претходно снимени.
„Тој и рече „добра ноќ“ на мојата наставничка и ја застрела во глава. Потоа пукаше во некои мои соученици, а пукаше и во таблата. Го погоди мојот пријател кој беше до мене… Мислев дека си оди. Се врати во училницата. Се измачкав со крв и се преправав дека сум мртва за да преживеам“, вели девојчето Миа од основното училиште Роб.
Да потсетиме, на 24 мај, Салвадор Рамос (18) дојде во основното училиште Роб во Увалде и застрела и уби 19 ученици и двајца учители.
Be the first to write a comment.