Заменик-извршниот директор Владимир Габриелјан (39) и директорот за набавка Сергеј Мерзљаков (44) ги загубија животите по неуспешниот обид да ја преминат реката Бољшој Бугрјанец во областа Аркангелск во северна Русија.

Силен порој го превртел нивното возило кое потоа удрило во карпите. Габриелјан и Мерзљаков успеале да излезат од автомобилот, но починале од хипотермија бидејќи носеле мокра облека, а температурата била околу нулата. Спасувачите вчераутро ги пронашле нивните тела на брегот на реката.

Сопругата на Габриел, Елена и нивниот пријател Сергеј Олсевич, кој ги придружувал во друг АТВ, кој исто така бил превртен од реката, за чудо преживеале откако пешачеле околу 26 километри за да стигнат до најблиската колиба и да ги повикаат властите, пишува Дејли мејл.

Мултимилионерот Габриелјан и неговата група го истражувале далечниот полуостров Канин во северна Русија. Инцидентот се случил во понеделникот околу 17 часот по локално време, кога Габриелјан решил да ја преминат реката, иако таа била надојдена.

Мислел дека АТВ ќе може да ја помине реката и преку радио им рекол на сопругата и на Олшевич да го следат.

„Почекав на брегот, а по 10 минути ми рекоа да ги следам. Неколку минути подоцна Владимир ми кажа дека реката е многу опасна и дека морам да бидам внимателен“, изјави Олсевич за рускиот медиум База.

Но, реката ги превртела двете возила и го уништила сателитскиот телефон на Олшевич па не можеле да повикаат помош.

„Јас и Елена излеговме, но телефонот го однесе реката. Радиото сè уште работеше, но никој не беше достапен“, рече Олшевич.

Парот потоа пешачел околу 26 километри покрај брегот додека не наишле на колибата на сточар. Таму се засолниле во текот на ноќта, а следното утро пристигнале спасувачките екипи.

VK е најголемата руска платформа за социјални медиуми која функционира слично на Facebook.

„Утрово дознавме дека Владимир Габриелјан и Сергеј Мерзлјаков загинале во трагична несреќа. Тагуваме заедно со нивното семејство, пријателите и најблиските. Владимир и Сергеј засекогаш ќе останат дел од нашиот тим“, соопшти вчера ВК.

Габриелјан е во бордот на ВК од март, а заменик генерален директор од 2019 година.