Одлуката на една зоолошка градина да нахрани лавови со мртва жирафа предизвика бура од реакции. Одговорот што го дадоа претставниците на зоолошката градина беше повеќе од циничен, велејќи дека „ова ќе се случело во природата“.

Зоолошката градина Острава во Чешка е метна од бурни реакции откако на социјалните мрежи беше објавена фотографија од лав како голта труп на животно, заедно со веста дека е убиена постарата, 19-годишна жирафа.

Портпаролката на зоолошката градина Шарка Новакова рече:

„Жирафата прво падна, тешко дишеше и повеќе не стана. Сè укажуваше на срцева слабост. Поради општата состојба, возраста и стресот на животното, пристапивме кон евтаназија“.

Во објавата на Фејсбук, зоолошката градина додаде:

„Месото од животното тешко повеќе од 300 килограми би се користело како храна за домашни животни и други месојади, како што би се случило во дивината“.

Остри реакции на социјалните мрежи

Ваквата објава брзо наиде на критики со коментари: „Толку тажно… дури и да е закон на природата, фотографијата е надвор од место и време…“.

„Мислам дека изборот на фотографија не е најуспешен. Можеби требаше да објавите убава слика од истата жирафа која среќно шета низ зоолошката градина?“

„Кога ќе пријавиме за смртта на човек, ќе објавиме убава слика додека бил жив, а не како црви му излегуваат од очите… затоа што и тоа е природно, нели?

Како одговор, зоолошката градина соопшти: „Жирафата веќе беше стара, имаше деветнаесет години. Во природата, нивната возраст достигнува близу дваесет години.

Другата гледна точка

Но, имаше и такви кои не видоа ништо лошо во ова, па нивните коментари беа следни:

„Во моментов имаме две млади жирафи – една машка и една женка, размножувањето ќе продолжи и сигурно ќе се прошири“.

Сепак, малкумина беа оние кои застанаа на страната на зоолошката градина, опишувајќи го хранењето на лавовите како „нормално“.