Грозоморен случај на островот Серифос го вознемири регионот. Како што јавуваат грчките медиуми, двајца Пакистанци грабнале 23-годишна грчка туристка во областа Ливади и откако ја одвлекле на напуштена плажа, ја силувале.

Девојката во полусвесна состојба отишла во полициската станица во Серифос и го пријавила ужасот што го доживеала од двајцата силувачи од Азија, давајќи точен опис на профилот на нејзините напаѓачи. На островот е вклучен аларм, а властите го „чешлаат“ од крај до крај за да ги лоцираат двете лица пред да се случи нов грозоморен инциент.

Се забавувала во Ливади

Како што пријавила оштетената во полиција, се се случило во зорите на 25 јули во периодот од 04:00 до 04:30 часот. Девојката се забавувала на плажата Ливади. Одеднаш и без да се сети под кои околности (полицијата верува дека ѝ ставил3 нешто во пијалокот за да ѝ го ослабнат отпорот), двајцата мажи ја зграпчиле против нејзина волја и ја однеле на плажата Авломонас.

Таму ја фрлиле на песок, едниот паднал врз неа држејќи ја за раце, додека вториот ја натерал на орален секс и присилувал на односи, при што ја силување. Штом монструмите го завршиле своето дело, ја оставиле во несвест и исчезнале.

Девојчето штом закрепнало отишло во полиција и ги дало карактеристиките на своите силувачи. Како што рече, станува збор за Пакистанци или државјани на Бангладеш на возраст од околу 30 години.