Трагедија се случила утрово во грчкиот град Гревена (Гребен), кога 61-годишен возач на автобус ненадејно колабирал и починал пред очите на своите колеги, јавува ЕРТ.

– Шокантниот инцидент се случил кратко време пред да го започне патувањето со автобусот на компанијата КТЕЛ за Атина, поточно кога пиел кафе со колегите, јавуваат медиумите.

Тој наеднаш колабирал, а Итната помош брзо била известена, но и покрај напорите на лекарите и спасувачите да го оживеат, несреќниот човек веќе го загубил животот.

Возачот беше татко на три деца и посебно почитуван во околината. И тој и останатите возачи на компанијата со одлука на управата, во септември минатата година биле на лекарски прегледи.