Малиот Коста Петковиќ (10), малото момче кое ги обедини жителите на Нови Сад и целата српска јавност, почина пред шест дена по седумгодишна битка со злобниот противник, акутната миелоидна леукемија.

Веста за смртта на детето на социјалните мрежи ја сподели неговата мајка Мирјана.

– Вечерва во 20 часот и 10 минути, по седум години борба, херојското срце на Коста не издржа. Беше исклучително храбар сите овие седум години. Неговиот татко и јас сме многу горди на него, како се бореше како лав. Примерно дете, нежно, мило, со толку љубов кон сите! Како ќе живееме без тебе, не знам. Нас ни е премногу тешко, изгубивме дете. Ви благодариме на сите за поддршката што ја пруживте, напиша таа.

Таа во следниот пост го објави датумот и часот на погребот на малото момче кое претходно неколку пати ја победило леукемијата, но сега за жал не успеа. Таа на емотивен начин најде сила да се заблагодари на едно италијанско здружение.

Пошироката јавност ги следеше Коста и Николина, неговата другарка од Платичево кај Рума. Тие се запознале пред пет години во болницата на одделот за онкологија. Малите борци решија да излезат како победници, оздравеа, се радуваа и продолжија да се гледаат и да се сакаат, како што знаат само децата.

Сепак, судбината реши да си поигра повторно. И кај Николина и кај Коста болеста речиси истовремено се вратила и повторно ги споила.