На Инстаграм се појави шокантно видео, на кое се гледа како маж не само што ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите возачи, туку го става на ризик и животот на сопственото бебе.
На видеото кое го објавил мотоциклист кој останал шокиран од тоа што го видел, може да забележи автомобил како се движи по патот, а додека мотоциклистот поминува покрај него, се гледа како возачот зборува на мобилен телефон додека држи дете кое е околу две години во неговиот скут.
“Што мчовек да му направи!!?? Зборува на мобилен плус дете зад волан! Оди лево десно….не знам што се случува…не можам да го претекнам .. и кога видов за што се работи останав шокиран и многу лут!“, напиша мотоциклистот во описот на видеото објавено на Инстаграм профилот „1trip1story“.
Еден од многуте осудувачки коментари беше: „Не знам што би направил во таа ситуација, но како што гледам, со чиста глава, мислам дека ќе повикам полиција.. Тоа е за затвор и доживотна дозвола !”.
Be the first to write a comment.