Во дел од црногорските медиуми се појавија информации дека шефот на црногорската гранична полиција Васко Аковиќ поднел оставка од таа функција бидејќи, според медиумите, српскиот патријарх Порфирије влегол во Црна Гора без контрола и евиденција.
Оваа информација ја коментираше и претседателот на црногорскиот Хелсиншки комитет, Миодраг Влаховиќ, кој изрази почит кон Аковиќ за таа одлука.
– Регионалниот началник на граничната полиција Васко Аковиќ денеска поднесе оставка од таа функција бидејќи патријархот на Српската црква Порфирије Периќ без никаква контрола и евиденција со целата делегација влегол и ја напуштил Црна Гора. Голема почит кон овој човек – порача Влаховиќ на Твитер.
Be the first to write a comment.