Иако Одри Тибериус (46) и нејзиниот сопруг веќе имаат четири сина, сакале уште деца, па Одри отишла на асистирана репродукција, но на крајот забременила по природен пат. По долгогодишна борба, Одри ја добила тројката – Скај, Ривер и Беј. Таа е мајка и на синовите Маркус (13), Џејмс (11), Кристијан (9) и Макс (7).
Природна бременост
Одри останала бремена по природен пат, по само четири години откако специјалист за асистирана репродукција ѝ кажал дека има само 10 отсто шанси да зачне преку ин витро оплодување (ИВФ). Тој ѝ рекол: „Извини, но твоите јајчници се премногу стари“.
„Направивме три рунди ИВФ и ниту една не помогна“, објаснила Одри, но потоа забременила по природен пат. Смета дека лекарите треба да бидат повнимателни кон жените кога им кажуваат за можностите да забременат, за да ги поштедат од болка. Таа објаснила дека нејзината баба по татко имала деца во 40-тите години, па мислела дека ќе може да го направи истото.
Одри вели дека нејзината тројка е чудо бидејќи статистичарите ѝ кажале дека шансите на 45-годишна жена да роди тројка се 1 спрема 20 милијарди.
„Се молев моите бебиња безбедно да пораснат во мојот стомак и да се родат навреме, а така и беше“, објасни таа.
Be the first to write a comment.