“Ако сестра ми го направиla тоа, таа е навистина монструм и јавно ќе се откажам од неа! Тогаш таа не е моја сестра што ја знам и не сакам таква личност за сестра. Билјана и Иван многу страдаа во бракот, тој ја тепаше и таа се плашеше од него“.
Ова за српските медиуми го раскажала Верица Антанасијевиќ, сестра на Билјана Стојановиќ од Лесковац, која, како што се сомничи, извршила самоубиство, по чиј погреб во истата просторија било пронајдено забетонирано тело на нејзиниот сопруг Иван. Интересно е што роднините три години живееле во верување дека Иван работи во Русија, бидејќи Билјана постојано ги убедувала во тоа.
„Ја тепаше и мачеше“
– Нивниот брак беше еден голем пекол додека не се роди син (третото дете). Прво се роди една ќерка, а потоа друга. Тој ја тепаше и мачеше. Често беше пијан пред продавница. Откако се роди синот, ситуацијата се подобри – изјави сестрата и додаде:
– Покрај малтретирање, таа доживуваше и постојани закани. Иван одел на лов и имал пушки, па таа се плашела од него. Слабо се гледавме, бидејќи тој живееше во свој свет, велеше само јас и јас, а мразам фалење и ароганција.
Таа објаснува дека сите биле против Иван да оди на работа во Русија, бидејќи преживеале една семејна драма поради работа во странство.
– И мојот сопруг замина на работа во Русија. Никогаш не се врати, останал таму и добил син со жена. Кога слушнавме дека Иван сака да оди, сите бевме против, особено татко ни бидејќи знае низ што поминав – објаснува Верица и додава:
– Сестрата извесен период вадела пари од банката што тој ги испраќал, а потоа започнале чудни настани. Таа и рекла дека не може да повлече пари поради картичките што ги испрала.
Сестрата вели дека сите се надевале и со нетрпение го чекале доаѓањето на Иван од странство.
Таа наведува дека не знаела дали нејзината сестра има проблеми и дека никогаш не се пожалила.
-Никогаш не се пожали за ништо. Таа имаше финансиски проблеми до пред неколку месеци, но кога дознавме дека Иван доаѓа наскоро, очекувавме дека се ќе се реши кога ќе се врати. Има три деца, ученици, на секого им обезбедила се и повеќе од што можела.
Верица Антанасијевиќ изјави дека телото кое било во помошната просторија е преполовено.
– Не знаеме чие е телото, испратено е на обдукција и земен брис од мајката на Иван. Ги чекаме резултатите – изјави таа.
Be the first to write a comment.