Фолк пејачот Шабан Шаулиќ загина во 2019 година во сообраќајна несреќа. Возачот кој ја предизвикал несреќата возел без возачка дозвола и во пијана состојба и беше осуден на затворска казна во траење од 3 години и три месеци.

Алсин Левент, возачот кој беше одговорен за несреќата, се жалеше на пресудата, а жалбата сега му е прифатена и казната му е намалена. За намалувањето на казната се огласи и семејството на Шабан, кое смета дека и казната од три години не е праведна.

– Шокирани сме и сметаме дека пресудата е срамна, но ништо не можеме да направиме. Веќе бевме незадоволни од претходната пресуда и се жалевме на истата. Со оглед на тоа дека тоа не се почитувало, но казната сепак е намалена, покажува колку малку се цени човечкиот живот во Германија, без разлика кој бил и што правел, изјави семејството на Шаулиќ за Нова.рс.

Да потсетиме, сообраќајната несреќа се случи на 17 февруари 2019 година на автопатот кај градот Гутерсло. Возачот Алсин одзади удрил во автомобилот во кој бил Шабан Шаулиќ и неговите колеги. Загинаа Шаулиќ и клавијатуристот Мирсад Кериќ, додека третото лице во автомобилот беше тешко повредено.