Семејна трагедија се случи синоќа во грчкото населено место Палеохора по сообраќајната несреќа во која загинаа 15-годишно девојче, додека нејзината сестра и мајка се борат за живот.
Несреќата се случила на главната улица во селото кога 37-годишната мајка заедно со двете ќерки пеш се враќале дома. Возачот на црно возило движејќи се со огромна брзина, според очевидци, го удрил семејството, при што на лице место смртно настрадало 15 годишно девојче.
Нејзината 12-годишна сестра се бори да остане жива бидејќи е хоспитализирана и интубирана, не е контактибилна, во болницата во Верија. Во критична состојба е хоспитализирана и нивната 37-годишна мајка, која синоќа е оперирана.
Возачот на автомобилот кој по судирот го напуштил местото на настанот е приведен додека Сообраќајната полиција врши прелиминарна истрага за околностите на сообраќајната несреќа со смртни последици.
Вујкото на децата вели дека возачот на автомобилот јурел со 180 km/h и возел под дејство на алкохол.
„Возачот возеше многу брзо. Возел 180 километри во селото и не стигнал ни да ги види. Девојките и мајката биле на сообраќаен пат во селото, но тој најверојатно бил пијан, како што слушнав“, раскажува господинот Мавридис притоа нагласувајќи дека овој човек често се движел со таква брзина во населената населба.
„Има брза, скапа кола и јуреше низ селото. Се тркаше и со колата, знаеме дека се трка“, истакнува тој.
Be the first to write a comment.