На 31.12.2022 околу 00.00 часот во Полициската станица Велес било пријавено дека во и пред викенд куќа на место викано „Бабуна“, велешко, по претходна расправија, Р.Н.(65) со ловечки карабин „Црвена Застава M – 70“ калибар 8×57, му упатувал закани на неговиот син Б.Н.(29) и неговата снаа А.Н.Н.(25).

По расправијата, таткото испукал еден куршум во воздух, а потоа се обидел физички да го нападне синот Б.Н. но тој му ја одземал пушката и физички го нападнал Р.Н.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.