На 01.01.2023 околу 04.30 часот во Маврово, полициски службеници од Полициското одделение Маврово ги привеле С.М.(19), А.М.(19), Ф.С.(22), П.М.(20), Х.П.(25), А.В.(25), А.Г.(25) и М.И.(24), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Во другите настани од билтенот на МВР евидентирани се следниве настани:

На 01.01.2023 во 01.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во угостителски објект на бул.„Св.Килимент Охридски“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од неколку машки лица врз Ф.К.(21) и Г.И.(22), двајцата од Кавадарци. Според пријавеното, во нападот биле употребени и стаклени предмети, а бил оштетен и дел од инвентарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 околу 19.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Прилеп било опожарено патничко возило „мерцедес б180“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(41) од Прилеп. Повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 01.01.2023 околу 03.15 часот во СВР Куманово, Н.Г.(24) од Куманово пријавил дека неговото патничко моторно возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано на ул.„Народна Ревоулција“ во Куманово, било оштетено од залутано зрно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 16.30 часот во СВР Скопје, С.К.(44) од Скопје пријавил дека околу 14.05 часот Ф.В. од Скопје му се заканил со пиштол поради претходно недоразбирање во неговиот угостителски објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 15.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.С.(38) од Скопје пријавил дека на 30.12.2022 околу 07.30 часот во автомеханичарска работилница на бул.„Борис Трајковски“ бил физички нападнат од Т.К.(35) и М.Б.(38), двајцата од Скопје, кои притоа употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на ул.„Зендел Џемаил“, поради претходни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ј.(42)-женско лице од Скопје, од една страна и Џ.Ј.(50)- женско лице од Скопје и Ф.С.(26) од Скопје, од друга страна.

На 31.12.2022 во 09.50 часот во Полициската станица Прилеп, Р.Т.(73) од с.Канатларци, прилепско, пријавил дека на 24.12.2022 околу 10.00 часот во неговиот двор во с.Канатларци бил физички нападнат од неговиот внук Е.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 околу 02.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на паркинг пред угостителски објект на бензинска пумпа во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Г.(25) од с.Раклиш, од една страна и К.К.(20) и М.Т.(47), двајцата од Радовиш, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 околу 00.00 часот во Полициската станица Велес било пријавено дека во и пред викенд куќа на место викано „Бабуна“, велешко, по претходна расправија, Р.Н.(65) со ловечки карабин „Црвена Застава M – 70“ калибар 8×57, му упатувал закани на неговиот син Б.Н.(29) и неговата снаа А.Н.Н.(25), по што испукал еден куршум во воздух, а потоа Р.Н. се обидел физички да го нападне Б.Н. но тој му ја одземал пушката и физички го нападнал Р.Н.. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.12.2022 во 15.55 часот во Полициската станица Тетово, М.Ј.(58) од с.Голема Речица, тетовско, пријавил дека околу 14.00 часот во близина на неговиот угостителски објект кај место викано „Бањиче“ во Тетово бил физички нападнат од Б.Н.(49) од Тетово поради нерасчистени имотно – правни односи. Според пријавеното, Б.Н. претходно предизвикал пожар, при што му била опожарена настрешница. Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната единица Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.