Според астролозите, месецот на раѓање и хороскопскиот знак можат да влијаат на многу карактеристики кај мажите и жените.

Според Зодијакот, жените родени во знакот на Шкорпија се најстрасни и најдоминантни во споредба со другите знаци.

Жената Шкорпија е многу љубоморна, одмаздољубива, страсна, сензуална и авторитативна. Склона кон авантури и мажи помлади од неа. Оваа жена често е мистерија и за нејзините пријатели. Во комуникацијата знае да биде многу остра, не е тактизирана, секогаш го кажува своето мислење, се води од инстинктите и во секој случај не е пожелно да ја предизвикувате.

Таа е најдобриот шеф кој го презема водството над другите жени во бизнисот, што меѓу другото може да се припише и на нејзината интуиција. Жената Шкорпија може да биде многу фатална, која фасцинира со својата убавина и сексипилност, но која е растргната од љубомора, ужива во заведувањето и мистеријата што го води партнерот до лудило, само силниот партнер може да ја задржи.

Кога љубовта исчезнува, таа го следи својот инстинкт. Во бракот кога има соодветен партнер може да биде незаменлива домаќинка која посветува многу време и внимание на семејството.

Жените Шкорпија се познати по своето силно либидо и страсните љубовни врски. Во љубовта тие се целосно посветени и емотивни. Сепак, тие често стануваат енигма за нивните љубовници, нивните намери и вистинските чувства се длабоко скриени и нејасни.

Кога е заљубена, нејзината љубов е привлечна и мистериозна, а нејзината страст може да се спореди со бура. Сексот им е исклучително важен, а поврзаноста со партнерот е неопходност за да се чувствуваат целосно исполнети во сите области од животот.

Тие се склони кон врски кои одземаат многу време и емоционална енергија. Затоа, краткотрајните романси и дружењата за една ноќ никогаш не се изборот на овој страстен знак. Ќе го бараат вистинскиот онолку колку што е потребно, а штом вистински ќе се заљубат, тоа е за цел живот.