Ненад Билиќ (25) од Зрењанин и неговата девојка, Катарина Јовановиќ (23) од селото Рус, кои живееле во вонбрачна заедница, синоќа биле пронајдени мртви во стан во Зрењанин.

Според неофицијални информации, девојката била бремена, а првите резултати од истрагата покажуваат дека најверојатно се задушиле од гасот што истекол од шпоретот на гас пред една недела.

Тоа го потврдил сопственикот на станот во кој живееле. Тој рекол дека е голема трагедија која ги снашла двајцата млади луѓе.

Синоќа во дежурната служба на ПУ Зрењанин сопственичката на станот пријавила дека насилно влегла во станот во улицата д-р Емил Гаврил што го издавала, бидејќи станарите подолго време не и одговарале.

Жената пријавила дека во станот пронашла две тела без знаци на живот.