Жена синоќа пријавила во дежурната служба на полициската управа Зрењанин дека насилно влегла во станот во улицата „д-р Емил Гаврило“ што го издавала бидејќи станарите подолго време не ѝ одговарале.

Жената пријавила дека во станот пронашла две тела без знаци на живот.

Во станот се пронајдени документи на момче родено 1998 година и девојка родена 2000 година. Телата се многу надуени и непрепознатливи, па ќе се утврдува идентитетот и причината за смртта на двете лица, јавуваат српските медиуми.

Известено е Вишото јавно обвинителство, извршена е истрага на лице место и телата се испратени на обдукција.