Пејачот Милан Станковиќ во последните неколку години се повлече од јавниот живот и се посвети на црквата, а неколку пати се шпекулираше дека станал искушеник во манастирот Подмајне кај Будва.

Милан сега беше присутен на предавање во манастирот во Невесиње, каде што беа присутни и многу верници и свештеници. Како што открива изворот на „Блиц“, Милан често го посетува овој манастир и им помага на свештениците.

Инаку, Милан на предавањето дојде во придружба на отецот Рафаил Бојовиќ, кој зборуваше на тема „Крстот“. Станковиќ седеше во првиот ред, целиот во црно, со долга коса и брада.

Исто така, Милан на својот Инстаграм попладнето на својата инстаграм приказна објави видео од манастирот Невесиње.

📸

📸