Тешка сообраќајна несреќа се случи на улицата „Партизански пат“ во Врање, во која животот го загуби неофицијално македонски државјанин.

Од полицијата велат дека се уште не се познати околностите, но потврдено е дека истрагата е во тек.

Еден пациент е згрижен на Итна медицинска помош, дијагностиката е во тек. Според полициски извори, автомобилот со регистерски таблици од Северна Македонија излетал од патот и удрил во насипот.

Дел од патот е затворен, возилата се пренасочуваат на други патни правци.