Се појави видео од пејачката Теа Таировиќ кога со своето пеење ја преплаши Зорица Брунцлик, која беше член на жирито на „Ѕвезде Гранда“ во кое се натпреваруваше Теа.
Теа Таировиќ денес е позната пејачка, а кариерата ја започна во „Ѕвезда Гранда“ каде првпат се појави на 17 години.
Повеќето од членовите на жирито на овој натпревар не го предвидоа нејзиниот успех и ја советуваа да работи на пеењето, иако го пофалија нејзиниот сценски настап.
Пејачката за време на еден настап дури и за момент со својата изведба ја исплаши Зорица Брунцлик која тогаш беше во жирито.
На една страница на Инстаграм се појави видео од таа ситуација, а корисниците коментираа дека не им се верува како некогаш пеела Теа, но и како изгледала.
Инаку, Таировиќ на оваа снимка ја испеа песната на Нина Бадриќ, а своите „фалшови“ и грешки ги оправдуваше со големата нервоза.
Be the first to write a comment.