Видеото на кое се гледа возач на автобус во Кина како спасува мајка која се обидела да скокне од мост со своето дете е прегледана над 4,5 милиони пати на TikTok.

Целиот настан е снимен од безбедносните камери на автобусот во 17 часот и 16 минути, а инцидентот се случил во Гуангжу, во јужната кинеска провинција Гуангдонг, пишува веб-страницата на кинескиот весник Гуангжу дејли.

Видеото започнува со прикажување на мајка која оди по мостот на реката Перл, кој е само за автомобили и не е наменет за пешаци, додека го држи своето мало дете за рака.

Потоа, додека се отвора споредната врата од автобусот, друга безбедносна камера покажува како мајката се обидува да го подигне своето дете во раце додека гледа кон водата што тече под мостот.

Друга камера потоа го покажува возачот на автобусот, маж по име Џанг Жиде, како ги симнува слушалките и станува од своето место за да трча кон жената и нејзиното дете.

Друга камера потоа го фаќа возачот како трча од автобусот кон жената, држејќи го детето. Возачот ја стигнува токму кога таа ја крева едната нога преку оградата на мостот, како да ќе скокне во водата. Потоа ја повлекува назад на страната на патот, држејќи ја одзади.

На видеото потоа се гледа како патниците го носат детето во автобус додека возачот останува со жената на страната на патот. Двајца мажи потоа ја внесуваат жената во автобусот. Таа се сопнува напред додека се приближува до отворената врата од возилото.