Откако од вчера на социјалната мрежа Фејсбук се рашири лажна наградна игра од лажна ФБ страница на познатиот ланец од маркети КИПЕР, денеска на официјалната ФБ страна на компанијата излегоа со известување..
Од таму велат дека станува збор за лажни подароци / наградни игри во име на Киппер Маркет.
– ℹ️ Известување!! Почитувани потрошувачи. По социјалните мрежи кружат лажни подароци / наградни игри во име на Киппер Маркет .
Ве информираме и потсетуваме дека официјални страници на социјалните мрежи на Киппер Маркет се само: Facebook: https://www.facebook.com/KipperMarket и Instagram: https://www.instagram.com/kippermarket, стои во известувањето.
Доколку на интернет ви биде побарана било каква лична информација или податоци за платежна картичка, ве советуваме да не ги праќате вашите податоци и случајот веднаш да го пријавите во секторот за компјутерски криминал при МВР.
Со почит, Киппер Маркет!
Be the first to write a comment.