Денеска е ден за простување, а минатата година ИРЛ ми нанесе многу неправда, со организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми. Ја повлекувам тужбата што ја поднесов против ИРЛ, напиша на својот фејсбук-профил во новогодишна честитка д-р Жан Митрев.

„Простување, денес е ден кога Христос се роди. Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее злото. Денес е денот кога сѐ што ни се случило лошо сакаме да го заборавиме. Денес е денот кога на сите им посакуваме само добро. Денес е ден кога им простуваме на сите кои ни направиле лошо.

Минатата година ИРЛ ми нанесоа многу неправда со организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми. За тоа поднесов и тужба против нив. Целта не ми е да се тужам со медиумите, туку да ја докажам правдината. Но, за сѐ што сториле Бог нека им суди. Јас им простувам и тужбата ќе ја повлечам. За многу години“, пишува Жан Митрев на Фејсбук.

Новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија се автори на истражувањето „Нечиста крв“ за употребата на хемофилтрацијата при лекувањето на болните од корона во клиниката „Жан Митрев“.