











Денес Водно беше една од најатрактивните локации за жителите на Скопје. Загаденоста на метрополата е главна причина за скопјани да избегаат на планина, за да ги прочистат белите дробови со чист воздух, објави порталот 24Инфо.
Екипата на 24 инфо при качување на Водно се соочи со невидениот сообраќаен метеж.






Возила имаше насекаде по должината на патот, во страничното зеленило, а редицата од возила што чекаше да најде паркинг беше толку долга, што патот беше заглавен уште од средно Водно.
Се добиваше впечаток дека цело Скопје се преселило на Водно.






На ден Божиќ жичарницата работеше со полна пареа, па за да се качат на неа скопјани чекаа во долга редица.
Сите сакаа кон врвот да одат, да ја видат глетката од магливото Скопје.
Be the first to write a comment.