Брокерот Владимир Ѓукановиќ, познат како српскиот волк од Волстрит, наведува дека кризата предизвикана од затворањето на американската банка во Силиконската долина (СВБ) неизбежно ќе се прошири и во Европа. Тој наведува и дека очекува многу финансиски институции да ја платат цената поради високата инфлација.
– Ако инфлацијата продолжи како што мислевме дека ќе биде на високо ниво оваа година, ќе гледаме се повеќе банкроти во финансискиот систем – рече Ѓукановиќ. Брокерот објасни дека причина за затворањето на СВБ е повлекувањето пари од работниците од ИТ секторот и стартапите.
– Во СВБ многу ИТ работници во Америка чуваа пари, како и многу стартапи, беа осигурани до 250.000 долари и кој имал повеќе пари од тоа ќе биде во некоја мака. Американскиот фонд ја објави финансиската помош. Ќе има некаква помош – рече Ѓукановиќ.
Тој објасни дека ситуацијата со затворената Signature Bank е поинаква бидејќи луѓето кои се занимаваат со криптовалути ги чувале парите таму и додаде дека не се знае дали кризата ќе биде со слични размери како во 2008 година.
– Кога имаш висока инфлација, не можеш да најдеш квалитетни проекти каде што можеш да заработиш. Самата банка влегува во проблем бидејќи паѓа цената на обврзниците што ги чуваат – рече Ѓукановиќ.
Тој додаде дека кога вредноста на колатералот (залогот) се намалува, банката станува несолвентна и нема доволно капитал да го покрие она што го издала. Ѓукановиќ објасни дека никој не е одговорен за тоа што се случило во банките во Америка, туку дека нивното затворање е производ на инфлацијата предизвикана од војната во Украина.
– Се што зборувам е Путиновото „вооружување“ на инфлацијата. Имате висока инфлација на светско ниво и стоката не може да пристигне и цените постојано скокаат. Мислам дека веќе влеговме во инфлациска спирала, што ќе биде проблем, па нема да се реши за година-две. Последниот пат кога ја имавме таа ситуација во седумдесетите, кризата траеше повеќе од 10 години – рече брокерот.
Ѓукановиќ изјави дека централните банки не реагираат на целата ситуација со зголемување на референтните каматни стапки.
– Тоа е како рак во биолошкото тело. Колку побрзо реагирате, толку побрзо ќе го отстраните, толку побрзо ќе заздравите. Ако не го отстраните, знаете каква е судбината – заклучи Ѓукановиќ.
Be the first to write a comment.