Во грозоморниот инцидент кој се случи на 13 февруари, Нунг Труонг (44), мајка на три деца, остана парализирана откако маж во раните 20-ти години ја удри. Според полицијата во Хјустон, тој наводно ја гледал како вади пари од банкомат и ја следел цели 37 километри.

Надзорна камера го снимила застрашувачкиот момент. На видеото, може да се види како осомничениот ја напаѓа жената и ја фаќа додека таа не ги фрли работите, вклучително и нејзините пасоши за претстојното патување дома.

Жената потоа била соборена на земја од разбојникот, што резултирало со повреда на ‘рбетниот мозок што ѝ го променила животот. Сега, полицајците велат дека им е потребна помош од јавноста за идентификување на осомничениот.

Полицијата во Хјустон соопшти дека Труонг подигнала пари од Банката на Америка на булеварот Блекхок во Хјустон и осомничениот ја следел речиси 23 милји до трговскиот центар на Белаир околу 11:30 часот.

На видеото може да се види како крадецот краде плик за кој полицијата верува дека е со пари од нејзините расфрлани работи. Почнал да бега, но потоа се свртел и ја соборил жената на земја.

Семејството за ФОКС 26 изјави дека разбојникот откако одзел околу 4.300 долари избегал. Тие рекоа дека Труонг штедела пари за да го посети своето семејство во Виетнам.

Поради трауматскиот инцидент, оваа мајка на три деца е парализирана и во инвалидска количка, не може сама да оди или да користи бања без помош.