Откако Вишото јавно обвинителство ги објави резултатите од токсиколошките анализи на телото на Матеј Периш, кои покажаа присуство на токсични концентрации на амфетамини во крвта и органите, заедно со етил алкохол, а кокаин и бензоилекгонин беа идентификувани и во примерокот од косата, се огласи неговиот татко Ненад Периш.

– Жал ми е што камерите не работеле, а Матеј ја однесе тајната во гроб. Не знам што се случило во „Готик“, не знам зошто земал наркотици, зошто излегол и трчал. Мислам дека тоа беше несреќен случај. Беше спортист… Му верувам на обвинителството и ви благодарам на сите – изјави Ненад Периш за белградските медиуми.

Вишото јавно обвинителство во Белград утврди дека нема основано сомнение дека смртта на Матеј Периш е последица на кривично дело, имајќи ги предвид сите околности од неговото исчезнување ноќта на 30/31, пренесува Нова.рс.

Околностите што му претходеа на исчезнувањето на Матеј Периш, изјавите на лицата кои биле во негово друштво пред неговото исчезнување, со проверки и обдукциски наоди не укажуваат дека неговата смрт е поврзана со каква било форма на насилство.

Имено, обдукцијата која по наредба на Вишото јавно обвинителство ја изврши Институтот за судска медицина во Белград, утврди дека на телото на Матеј Периш нема повреди на коските на главата, вратот, трупот или екстремитетите.

Истовремено, резултатите од токсиколошките анализи покажаа присуство на токсични концентрации на амфетамини во крвта и органите, во присуство на етил алкохол. Исто така, кокаин и трага бензоилекгонин беа идентификувани во примерокот на косата.

Вештачењето на комисијата го извршија тројца вештаци, специјалисти по судска медицина.

Телото било пронајдено четири и пол месеци по исчезнувањето. Тој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември. Истрчал од клубот Готик, трчал низ белградските улици, се обидел да запре такси, а потоа, како што може да се види на снимката од надзорната камера на ресторанот Саванова, се спушта по скалите кон Сава. Но, не се гледа дека влегол во вода.

После тоа почна голема потрага, а српската полиција со недели вршеше увид во Сава и Дунав. Истрагата беше проследена со бројни шпекулации, но и теории на заговор.