Ттакото на Адам Лабунски, Ибро Лабунски во изјава за српските медиуми го даде своето мислење за учеството на неговиот син во реалното шоу „Задруга“

– На самиот почеток не бев за тој да влезе во реалното шоу бидејќи се грижев како ќе се снајде. И самиот сум музичар, знам како оди кога ќе почнеш од нула. Во Македонија сум познат, а во Србија не. Кога го повикаа, бев против, бидејќи мислев дека нема да се снајде со „белградските волци“. Адам на самиот старт беше и за и против, но сепак се проби и влезе во величествениот имот… Тука живееме веќе 4 месеци за да го поддржиме и да му помогнеме да ја „освои Србија“. Мислев дека Задруга ќе му помогне и ќе го популаризира, а знаеме колку значи само да се појавиш на ТВ Пинк, а неговиот почеток беше на ѕвездите на Пинк – изјави Ибро.

Таткото на Адам откри и што го советувал пред да влезе, но зборувал и за конфликтот со Урош Чертиќ.

– Иако сум му татко и ментор, бидејќи го научив се што знае за музиката, не сум пристрасен. Можеби не е најдобар пејач, но како пакет е доста квалитетен. За време на натпреварот „Пинкови ѕвезди“ за тоа проговори и самата Цеца која го пофали како комплетен изведувач. Би сакал да не е ‘анонимен’, познат сум во Македонија, но не и во Србија, што не би сакал да биде случај со него. Навистина би сакал да успее во регионот. Го советував да не се жали, да пее кога ќе го замолат… Малку е досаден во таа смисла, се експонира и кога треба и кога не треба. Можеби Урош беше малку во право, бидејќи излегува помалку напорен од тоа секојдневно пеење. Навистина, иако сум татко, сакам да бидам што е можно пореален кога е моето дете во прашање. Гледаме и следиме се што прави секој ден… – истакнува тој.

Таткото на Адам откри кој му се допаѓа од шоуто и за кој мисли дека може да му биде добар и искрен пријател на неговиот син:

– Пред малку гледав клип каде Адам му пее на Кристијан… Го видов Емил и ми изгледа како убав лик, нема зло во него и многу го штити. Пеца и Неца ми изгледаат добро и како некој што цврсто стои покрај Адам. Пеца ми изгледа супер и со сосема добар став се бори за себе и за другите што ги сака. Зорица е некоја која ни е пријател со години и секогаш е реална, таа е покрај него што и да се случи и тоа многу ни значи.

Игор Лабунски на самиот крај за „Пинк“ откри каков совет би му дал на својот син, доколку може да разговара со него во овој момент:

– Би сакал малку да се опушти, да биде спонтан и свој. Другите да го бараат, а не са да се наметнува. Девојките секогаш трчаа по него, а сега нема ниту една, што ми е многу чудно, но верувам дека му треба малку време да разбере како треба да реагира во одредени ситуации бидејќи ова е почеток. Да бев во него, ќе беше поинаку бидејќи сепак имам повеќе животно искуство во се. Урош е силен говорник, но сигурно би знаел се да му кажам и објаснам во една реченица.