Уште не можам да се соберам, не сфаќав што ми се случи додека син ми не ми ја покажа снимката, вели малтретираната професорка од Србија, која ученици ја снимаа и исмеваа.
Од настанот помина една седмица.
„Помина една недела, ама уште не можам да си ја средам главата. Прво требаше да ги завршам сите административни обврски, сега почнаа и болки во главата, ми се јавуваат од разни телевизии. Тешко ми е, потешко ми е од одење на работа. Не сум подготвена за ова“, вели таа.
За тоа зошто веднаш не го прекинала часот, за да оди да пријави што ѝ се случило, професорката вели дека почекала да заврши часот.
„Се срамев од она што го доживеав. Дојдов дома да видам во каква состојба сум. Да се соберам. Мојот син беше во соседната училница. Ни тој не знаеше. Но, набрзо го видел видеото и истрча дома. Беше бесен“, вели професорката.
Синот ја убедил да оди до Здравствениот дом во Трстеник и веднаш да се провери. Таа вели дека поминала само со полесни физички повреди.
Во училницата имало само седум ученици на нејзиниот час по англиски, затоа што самиот клас има само единаесет ученици. Таа го искоментира и поведението на учениците кои ја малтретираа.
„Кај еден од нив семејните односи не се најдобри. Тој има и други браќа и сестри и грижата за нив не е баш на високо ниво. Го знаев тоа и го штитев поради тоа. И гледате како ми врати. Ученикот кој ми го тргна столот е малолетник, има 17 години. Не знам како ќе заврши тоа. И претходно се случило да побараме бркање на проблематичен ученик, а по жалби Министерството за образование да ни го врати во училиште. Овие треба да одат во воспитно-поправен дом“, објаснува професорката.
Рече дека нејзиното искуство не е ретко во српските училишта. Наставниот кадар ќе гласа за исфрлање на тројца ученици од Техничкото училиште во Трстеник поради инцидентот што се случи во училницата на училиштето.
Ovo je odraz društva u Srbiji.
Kada sam ja išao u školu,profesor je bio poštovan. pic.twitter.com/gm41GBsCfq— Armagedon (@ZoranIl77273998) November 16, 2022
Be the first to write a comment.