Тешка сообраќајна несреќа се случила во местото Остружњ во Републиак Српска, Босна и Херцеговина. Во несреќата во која учествувале три возила, две лица се повредени, изјавија за Срна од Полициската управа Добој.

Од полицијата велат дека во судирот учествувале две патнички возила и еден камион. Сообраќајната несреќа во полиција била пријавена во 13 часот и 15 минути.

Истрагата ја спровеле припадници на Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој.

Како што можете да видите на фотографиите, во сообраќајката учествувале автомобили „опел корса“ и „рено меган“.