Живојин Глигиќ, сопственикот на пумпата каде што бил исмеан младиот Младен Дулиќ, кој подоцна се самоуби, вели дека го отпуштил работникот кој го снимил срамното видео.

– Типот претходно работел на пумпа, па добил отказ по шест месеци. Сето тоа беше шега, но сега за жал е сосема поинаку. Го отпуштив работникот што работеше за мене и го сними видеото. Се познаваа, таму точеше гориво, но не знам како испадна сето тоа, сето тоа беше шега. Не го познавав момчето лично, знам дека неговите родители и семејството точеа гориво кај нас. Работникот знаел за неговиот случај и не требало да го стори тоа. И тие работници понекогаш знаат да бидат незгодни, сите доаѓаат и седат таму, ќе се напијат, и еве што се случува иако ги предупредувам. Сите тие се луѓе од 30-40 години и сами си одговараат – вели Живојин.

Вели дека по трагедијата немале непријатности.

– Луѓето сега се многу огорчени, а не ја знаат целата работа. Тоа не требаше да се случи. Денеска секој крева рака против секого и од секого, а кога ќе се случи, сите го осудуваат. Сите се смееја, а сега сите судат. Момчето навистина побара работа со мене, му реков да помине кога ќе дојде на пумпата.

Малку ми делуваше повлечено, ама прво секој што доаѓа бара работа е малку таков, луѓето се борат за корка леб. Не знаев ништо додека не се случи и стана вирално. Народот молчи додека не се случи нешто, а можеби родителите требаше да бидат повнимателни, но народот сега се’ осудува. Сите имаме деца, сите се мачат и работат, сето тоа го разбирам – изјави Глигиќ за Новости.