Вработен во општина Ново Сараево вчера се самоубил. Како што неофицијално дознаваат босанските медиуми, несреќниот човек бил вработен како адвокат во Општина Ново Сараево, а станува збор за Г.А. (1984 година).

– Во последните неколку дена, за жал, сведоци сме на серија самоубиства во Босна и Херцеговина кои го потресоа регионот, а загриженоста на властите за менталното здравје на граѓаните е на ниско ниво, јавуваат босанските медиуми.

Во БиХ, нагласуваат медиумите, за разлика од земјите од регионот, нема СОС телефон за помош на луѓето кои размислуваат за самоубиство, што е првиот и основен чекор што треба да се воспостави за да им се помогне на луѓето кои се борат со психолошки и други проблеми.

Дополнително, одмогнува и општеството во кое е стигма да се посети психолог или психотерапевт, а сочувството меѓу луѓето е на исклучително ниско ниво поради негативното влијание на социјалните мрежи.