Додека топлотниот бран ја зафати Европа, со температура од 33 Целзиусови степени во Прага, пабот „Ајс паб“ во центарот на чешката престолнина нуди кратко бегство во арктички услови.

Барот, на само една минута пешачење од познатиот Карлов мост во главниот град, служи коктели на база на вотка во чаши направени од мраз, мебелот и украсите исто така се направени од мраз.

Температурата внатре е околу -7 степени Целзиусови и е толку ниска што на посетителите им се даваат капути и ракавици од волна, а посетите се ограничени на помалку од половина час.

📸

📸

📸

📸

📸

📸