Со качулка на главата и поглед кон земја, 17 годишната девојка која е осомничена за убиство на 16 годишното момче денеска од тетовско Бањиче, денеска беше донесена во Основниот суд во Тетово.

Како што јавува порталот на албански јазик „Тетовасот“, девојката денеска требало да даде исказ пред судијата. Додека таа беше во судот, пред зградата се собраа другарите на момчето кое извикуваа „Убиецот има име, правда за Бахарин“. Со солзи во очите бараа правда за својот другар.

Основното јавно обвинителство Тетово пред неколку дена потврди дека 17-годишна девојка е осомничена дека со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години.

Телото на момчето беше извлечено од водите на реката Пена, по што се утврди дека е лишено од живот.