Очигледно е дека физичките напади во Прилеп не престануваат.

Имено, прилепчанка пријавила дека нејзиниот син бил нападнат од страна на мајката на неговиот другар. Овој немил настан се случил во неделата (25.12.2022) кога С.С. (47) од Прилеп пријавила дека нејзиниот син, кој е малолетен, бил нападнат од мајката на неговиот другар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.