Познатиот српски стилист и креатор Саша Видиќ почина вчера на 52-годишна возраст во КБЦ „Бежанијска коса“ во Белград. Брзата помош го однела претходната вечер, а на случката присуствувал и еден од соседите на Видиќ.

Целата ситуација ја опиша на Твитер.

„Тој ми беше сосед. Пред неколку месеци успеа да се извлече, но после тоа беше како 90-годишен старец. Вчера видов од тераса дека брзата помош доаѓа во неговиот стан, овој пат не успеа. Не знам што мислат другите за него, но тој за мене беше ОК лик, доста луд и блесав, но беше ОК“, напиша твитерџија кој тврди дека му бил сосед на Саша Видиќ.

Наскоро на споменатата социјална мрежа се огласија повеќе луѓе.

„Не знам каков беше Саша Видиќ, но му благодарам што стоеше трпеливо додека мојот мал син си играше со неговото куче кога ќе налетавме на нив во блокот“, вели еден корисник на Твитер, исто така сосед на Саша Видиќ.