17-годишна девојка е пронајдена мртва во населбата Перистери во Атина. На трагедијата, како што јавуваат грчките медиуми и претходела тепачка со нејзиното момче од Пакистан, кој во меѓувреме исчезнал.
Според извори од истрагата, девојката најверојатно била задушена. Модринките пронајдени на десната рака, веројатно од неговите прсти, откриваат дека девојката се спротивставувала и се борела со нејзиниот убиец до последен момент, за да си го спаси животот.
Според информациите, младиот Пакистанец, со кој 17-годишната девојка била во врска, имал клучеви од станот и често престојувал во станот на улицата Арачовис во Перистери.
Телото на 17-годишната мртва девојка во креветот во спалната соба го нашле нејзините мајка и сестра. Тие веднаш ја известиле полицијата која започнала истрага за пронаоѓање на младиот Пакистанец.
Be the first to write a comment.