Тројца 20-годишници од градот Сребреник во близина Тузла пред два дена престојувале во Неум (единствениот приморски град во Босна и Херцеговина), при што се затруле од пијалок.
Со порталот „Аваз“ контактирал член на семејството на еден од младите (чиј идентитет и е познат на редакцијата) кој раскажал се што доживеале младите во последните денови.
– Младите луѓе живеат во Сребреник и се школски другари, јас живеам во нивна близина. Децата се примерни, изјави член на семејството.
Оштетување на желудникот
Како што тврди за порталот „Аваз“, младите биле донесени во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Тузла и било констатирано дека имаат стомачни оштетувања.
-Тој ден кога пристигнаа во Неум сакаа да излезат во кафулето кое е најпосетувано во Неум. Не можеле да влезат во кафулето, бидејќи претходно требало да се резервира место. Заминале утредента околу пладне и резервирале три места за вечер да излезат во локалот. Биле таму околу 10 часот навечер. Нарачале кисела вода и вино. Тоа бил нивниот прв пијалок. Меѓутоа, кога еден од младите наточил од минералната вода во виното, пијалокот имал многу чуден вкус – тврди член на семејството.
Како што продолжува, мислеле дека тоа е нормално и таков е пијалок. Еден млад човек кој не пиел алкохол, ставил само од водата во чашата и испил малку.
– Почнал да се гуши. Неможел да земе воздух, само мафтал со рацете. Потоа рекол „Што е ова?“ – вели изворот.
Тој продолжува и додава дека и другиот млад човек кој пробал од киселата вода ја имал истата реакција.
Еден од младите има најмногу оштетувања на стомакот.
– Денеска со сонда му го снимаа желудникот. Сето тоа го поднесе многу тешко. Грлото му беше изгорено, не може да голта – вели изворот на Аваз.
Не го проголтал пијалокот
Третото момче, за среќа, не го проголтало тој пијалок, бидејќи го исплукал. Тие сфатиле дека нешто не е во ред. Шишето од тој пијалок го однеле во станот, каде виделе дека течноста има жолта боја и има непријатен мирис.
Ситуацијата на момчињата станувала се полоша и полоша.
-Потоа повикале брза помош, при што од итната помош им рекле „малку сте се опијаниле, не доаѓаме поради тоа“ – вели изворот.
Понатаму, изворот тврди дека други членови на семејството дошле со автомобил да ги земат тројцата млади момчиња. Младите ја поминале ноќта во болницата во Мостар, каде четири пати им бил испран желудникот и примале инфузии.
Лекарот во Мостар им рекол на младите: „Ако сте испиеле само уште една голтка, тоа би било крај за вас“.
Be the first to write a comment.