Млад хомосе ксуален пар го сподели последниот бакнеж пред да скокне во смрт од мост во Ерменија, тврди локална ЛГБТ група.
Тигран и Арсен споделија потресна објава на Инстаграм за нивните последни моменти со натпис: „Среќен крај. Одлуката да ги споделиме фотографиите и нашите следни чекори ја донесовме двајцата“.
Двојката потоа скокна од 95-метарскиот мост Давташен во Ереван, главниот град на земјата, соопшти Пинк Ерменија.
Локалните медиуми јавуваат дека родителите на младите момчиња не ја прифатиле нивната врска, а се верува дека Арсен побегнал од дома, иако тоа не е потврдено.
„Младите момчиња имаа уште многу години живот пред нив, но поради нетрпеливост кон нив презедоа таков трагичен чекор“, велат од групата за човекови права за Пинк Ерменија.
Како што велат, „ЛГБТ луѓето се многу запознаени со чувството на изолација и неразбирање на семејството и општеството“.
„Овој трагичен инцидент уште еднаш докажува дека ЛГБТ луѓето во Ерменија не се безбедни и не се заштитени од општеството или државата“, се вели во соопштението.
Пинк Ерменија, исто така, во објавата соопшти двојката била преплавена со гнасни хомофобични коментари по нивната смрт, пишува Дејли мејл.
Хомофобијата е голем проблем во Ерменија и многу ЛГБТ парови се соочуваат со дискриминација во поранешната советска нација. Хомосе ксуалноста беше декриминализирана дури во 2003 година и многумина сè уште избираат да ги чуваат своите врски во тајност.
Земјата е рангирана на 47 место од 49 во Европа во однос на правата на ЛГБТ, а зад нив се само Русија и Азербејџан.
Во 2012 година, 55 проценти од луѓето рекле дека ќе го прекинат пријателството ако дознаат дека другата личност е геј. Истата студија покажа дека 70 отсто сметаат дека ЛГБТ луѓето се „чудни“.
Be the first to write a comment.