Мекдоналдс се повлече од Русија во средината на јуни по повеќе од 30 години поради војната во Украина.

Новиот руски сопственик ги преименува поранешните ресторани на групацијата Мекдоналдс во „Вкусно и точка“. Сепак, судејќи по реакциите на гостите кои објавуваат на социјалните мрежи со што биле послужени, не е така.

На гостите на ресторанот „Delicious and dot“, синџирот кој го замени Мекдоналдс во Русија по повлекувањето на оваа корпорација од земјава, им се сервираше храна која буквално им го превртуваше стомакот. На менито: мувлосани хамбургери и сирење полно со инсекти.

Незадоволните клиенти споделија фотографии од оброкот на Твитер.