Веста дека Македонија, Бугарија, Романија и Црна Гора го забранија летот на авионот на првиот човек на руската дипломатија кој требаше да пристигне во дводневна посета на Белград, ја шокираше Москва.
Додека Европската унија и НАТО ја поздравија одлуката на трите членки да го забранат летот на Сегеј Лавров за Белград, во Москва се разгоре гнев и омраза.
Посебно се налутил директорот на државната вселенска агенција Роскосмос, Димитри Рогозин кој преку социјалната мрежа Твитер го изразил својот гнев и бес кон овие четири земји и им испратил порака со еден збор – „Сармат“.
Имено, тој на социјалната мрежа Твитер напиша порака со следнава содржина, која некои ја сфатија како закана, други како гнев, а трети како невкусна шега и провокација, која зависи од аголот на тоа кој како ја гледа.
„Тоа што е доброто е ‘Сармат’? Оваа ракета нема да бара согласност да лета од кукавичките Бугари, одмаздољубивите Романци и Црногорци кои ја предале нашата заедничка историја, како и другите, Швеѓаните“, стоеше во објавата.
Инаку, Рогозин во своите настапи на социјалната мрежа Твитер често спомнува балистички ракети, па пред неколку години на Западот им ја честиташе Новата година со Дедо Мраз покрај балистичката ракета Топољ М.
Be the first to write a comment.