Хасбула Магомедов светската слава ја стекна во 2020 година, а деновиве беше снимен на првата турнеја во Австралија.

Хасбула Магомедов е една од најголемите ѕвезди на ТикТок денес, а каде и да се појави привлекува големо внимание кај следбениците и папараците, а ништо поразлично не беше и кога го посети Мелбурн како дел од својата прва австралиска турнеја.

19-годишниот Хасбула бил снимен како ужива во својот луксузен начин на живот, поточно се вози со својот спортски автомобил вреден 300.000 долари, а телохранителите го придружувале до луксузните продавници каде што купувал.

Рускиот инфлуенсер стана познат на крајот на 2020 година кога почна да објавува видеа на Инстаграм и ТикТок во кои прави смели акробации и шеги. Со својот уникатен изглед, џуџестиот раст и самоуверениот став, тој набрзо собра огромно следбеници на интернет, вклучувајќи 2,1 милион следбеници на Инстаграм и 4,7 милијарди прегледи на TikTok.

„Луѓето секогаш се жалат на работите во животот, но јас се трудам да уживам секој ден и да ги правам работите што ги сакам. Навистина мора да останете позитивни. Од една страна, мојот живот стана подобар, а од друга страна, многу повеќе комплициран. Мислам дека луѓето гледаат дека се обидов да си направам добар живот, за што сум многу благодарен“, изјави тој во неодамнешното интервју за The Sydney Morning Herald.

Роден со недостаток на хормон за раст, Хасбула го привлече вниманието откако се здоби со слава предизвикувајќи ги истакнатите ѕвезди на УФЦ, вклучително и ММА шампионот Конор Мекгрегор и се спријатели со рускиот ММА борец Хабиб Нурмагомедов, што му го донесе прекарот „Мини Хабиб“ од навивачите.

Во декември 2021 година, тој одлучи да лансира цртан филм за себе, кој меѓу другото сега го промовира во Австралија.

📸