Цените на билетите вртоглаво порасна поради стравот кај народот дека руските граници наскоро би можеле да се затворат. Летовите во еден правец од Русија до аеродромите во европските градови, со трансфер во Истанбул, брзо се распродадени, а цените на оние билети што ги има за наредната недела достигнуваат и до речиси 4 000 евра.
На веб-страниците на авиокомпаниите кои сообраќаат од Москва до Истанбул или Белград може да се види дека речиси сите летови оваа недела се распродадени.
На страницата на компанијата „Туркиш ерлајнс“ може да се види дека билет од Москва до Виена, преку истанбулскиот аеродром за 29 овој месец чини 221 191 рубљи или 3 779 евра.
Побарувачката за авиобилети порасна вчера кога рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација на воените резервисти за војната во Украина.
Цените на билетите вртоглаво порасна поради стравот кај народот дека руските граници наскоро би можеле да се затворат.
Турција е една од ретките дестинации до која Русите можат да летаат во странство поради западните санкции, заедно со Ерменија, Грузија и ОАЕ. Типичните билети во еден правец до Турција достигнаа речиси 70 000 рубли (1 150 долари), во споредба со нешто повеќе од 22 000 рубли пред една недела, покажуваат податоците на „Гугл флајтс“.
Рекордни цени достигнуваат и билетите во еден правец од Москва до Белград, според веб-страниците на кои може да се резервираат и купат билети.
Најголем дел од летовите на „Ер Србија“ меѓу Москва и Белград се распродадени. Според податоците на веб-страницата на оваа компанија цените за повратни летови се движат од 160 000 до 230 000 динари (од 1 364 до 1 960 евра).
Be the first to write a comment.